Милошоски смета дека нова влада е подобра од широка коалиција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нова влада е подобра од какви било нови нефункционални комбинации, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

– Според мене, власта беше делегетимирана уште на локалните избори. Тоа беше јасно изразено. Гледаме дека сега власта е делегитимирана од стопанска гледна точка, сметам дека стопанските комори и вработените во приватните претпријатија, секој ќе ви каже дека справувањето со кризата, регионално гледано, во Македонија се врши на најнесоодветен можен начин и затоа сметам дека нова влада е подобра од какви било нови нефункционално комбинации – изјави Милошоски.

По однос на можна широка коалиција, негово лично мислење е дека сѐ помалку политички субјекти или пратеници имаат желба или, како што вели, „намера да влезат или да се качат во бродот што тоне” и е управуван од премиерот Димитар Ковачевски, кој нема сериозен план за енергетската и економската криза којашто секојдневно прави сѐ поголеми штети.

За стабилноста на парламентарното мнозинство, Милошоски потенцира дека примерот со пратеникот Кастриот Реџепи е најдобар показател дека во парламентарното мнозинство нема борба за европски вредности, стандарди и реформи, туку има борба за поголемо влијание власт или за позиции.

– Тоа е примерот и на Катстриот Реџепи и на внатрешните превирања во ДУИ. Не би ги коментирал и сами нека одлучат како ќе завршат тие внатрешни превирања но очигледно е дека борбата за власт и за позиции е поважна од напорот власта да понуди некои реални решенија за подобро надминување на оваа криза – рече Милошоски.

Share This Article