More

    Михајло Маневски до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за пет лица во врвот на владата за случајот „Бехтел и Енка“

    spot_img

    Поранешниот министерот за правда и поранешен обвинител Михајло Маневски до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за пет лица во врвот на владата за случајот „Бехтел и Енка“, објави Експрес.

    Во пријавата која ја поднесол Маневски се гонат премиерот Ковачевски, вицепремиерите Груби и Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Претпријатието за јавни патишта Рустеми.

    Како што пишува во поднесената кривична пријава за која ЈО мора да се произнесе наведените лица сториле кривично дело злоупотреба на службена должност по став 5 од членот 353 од Кривичниот законик.

    Според овој член лицата направиле голема материјална штета на буџетот на Република Македонија за што следува казна од најмалку 5 години затвор или максимални 20.

    Во досието за кривичната пријава долго 27 страници Маневски наведува многу детали за случајот кој сега првично треба да го решава шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски кој може да го спроведе, да го одбие или да го префрли на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img