Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан и покојниот Далибор Драгијевиќ, осомничени дека заедно со нивниот татко Раде учествувале во убиството на малата Данка, односно во криењето на нејзиното тело, се пожалила на новинарката на Информер дека полицијата и ја уништила куќата и го ископала дворот за време на претресот.
– Денеска бев на гробишта, подготвив сѐ за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив сандак и цвеќиња и сѐ што е потребно… Во хаос сум, пак ќе дојде брза помош – се пожалила таа на репортерката на Информер, Весна Јовиќ.
Светлана конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека ѝ ја „уништиле куќата“.
– Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот – изјавила Светлана.
Инаку, таа немаше што да додаде за семејството на убиената Данка Илиќ, освен дека нема врска со тоа, а тоа семејство не го познавала од порано.
– Не ги познавам и немам ништо со тоа, полицијата беше таму, инспекторите разговараа со мене и земаа сѐ што им требаше – изјави Светлана.
На крајот додала дека сѐ уште не верува дека нејзиниот сопруг и децата учествувале во злосторството.
– Не знам ништо за сопругот, кој е во притвор, но сигурно му е тешко што му почина синот. Не знам ништо за убиството на Данка, не е можно во тоа да се вмешани моите синови – се правдала Светлана.