MEТЕО АЛАРМ!!! Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално силно невреме во Македонија СО ПОЈАВА НА град!!!

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Под влијание на циклон од западна Европа, денес доцна попладне  и навечер, како и во текот на ноќта кон недела Атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира и ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и силен ветер,известува Салавчо Попоски.

Поради загреаната Атмосфера која ќе биде исполнета со енергија, и тоа поради топлиот бран од Африка, локално ќе има појава на по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, бурен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на крупен град. Токму поради ова апелираме на претплазливост.

И во Скопскиот регион денес попладне и навечер ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да се искачат и до околу 31-32 степени.

Нестабилно време  и со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме ќе се задржи и во недела, како и во текот на следната седмица, зо што од наша страна ќе следуваат нови метео предупредувања.

Share This Article