Меси заплака и го постигна јубилејниот 800 гол во кариерата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актуелниот светски фудбалски првак Аргентина во пријателски натпревар синоќа во Буенос Аирес ја совлада Панама со 2-0, а дуелот го одбележа капитенот Лионел Меси, кој го постигна 800 гол во кариерата.

Аргентинците во славеничко расположение дури во финишот го скршија отпорот на Панама со головите на 21-годишниот Тиаго Алмада во 78 минута и Лео Меси во 89 минута од слободен удар.

За Меси тоа беше 800 гол во кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Дури 672 голови постигна во дресот на Барселона, 29 за ПСЖ, а 99 за Аргентина.

Интересот за првиот настап на Аргентина по освојувањето на светската титула на Мундијалот во Катар беше огромен.

На стадионот „Монументал“ присуствуваа 84.000 гледачи, кои успеаја да дојдат во влезници за кои аплицираа повеќе од 1.5 милион луѓе.

И пред и по натпреварот Аргентинците ја славеа титулата, се играше и пееше, а на екраните на стадионот „Монументал“ се прикажуваше видео од аргентинскиот пат до третата светска титула.

За забавата беше задолжен ДЏ Фер Паласио, кој беше избран од самите играчи.

По завршување на натпреварот никој не го напушти стадионот, а аргентинските репрезентативци тргнаа во почесен круг секој со реплика од светската титула во рацете.

Меси накратко им се обрати на навивачите заблагодарувајќи им се на големата поддршка.

– Ви благодарам за сета љубов. Отсекогаш сонував за овој момент, да можам да славам со вас. Денот е наш, но не сакам да ги заборавам сите соборци кои денес не се тука, но, исто така, направија сè што беше возможно за ова и заслужуваат признание и почитување од аргентинскиот народ. Да уживаме во овој успех, бидејќи потрошивме многу време чекајќи повторно да ја освоиме светската титула, рече Меси.

Share This Article