Мелничарите очекуваат стабилна цена на пченицата и по Нова година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема големи осцилации на цената на пченицата на берзите како и на енергенсите кои се користат во производството на брашното и лебот, велат од мелничко пекарската индустрија, откако деновиве на светските берзи и на Новосадската продуктна берза почна да расте цената на пченицата.

На берзите цената на пченицата денеска е 6,0098 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг) или 12 денари за килограм. Цената на  пченицата на последниот ден од тргувањето на новосадската продуктна берза – 4 декември е 24 динари за килограм.

– Цената на пченицата се стабилизира на одредено ниво од жетвата наваму, со мали осцилации. Во Србија се продава за 185 евра за тон. На Европската берза цената е 220 евра за тон, а на американската берза 203 долари за тон. Набавката на пченица чини и дополнителни 40 до 45 евра за превоз и тоа не е променето во овој период. Тоа е веќе планиран трошок. Во овој период и цената на струјата и нафтата имаат мали осцилации, што се смета за стабилна цена. Според ова, нема никакви услови за зголемување на цените на брашното и лебот – вели претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ.

Тој смета дека големите пекарски капацитети кои користат гас во производството може да имаат дополнителни трошоци поради бугарската такса на гас.

– Но, ова нема да биде трошок кој ќе услови повисока цена на лебот и на другите производи на овие пекарници -додава Малишиќ.

Од мелничко-пекарската индустрија не очекуваат подрастична промена на цените на пченицата и енергенсите во наредниот период.

– Во нормални години, кога состојбата во светот е стабилна, цените не осцилираат многу. Имаме зголемување на цените од јануари до март, но лани поради војната во Украина се дестабилизира пазарот и на пченицата и на енергенсите. Годинава, меѓутоа, имаме стабилни цени и покрај војната на Блискиот Исток, но не поради тоа што не влијае војната на пазарот туку поради фактот што лани земјите беа принудени да направат големи резерви од пченица и на одделни енергенси и тоа влијае на намалување на побарувачката на пченица, а со тоа  и на нејзината цена. Ова очекувам да се задржи и во наредниот период и не очекувам некакво драстично зголемување на цените. Освен, се разбира, ако нема некоја екстремна состојба, како нова војна во Европа, која може драстично да ги дестабилизира цените – вели Малишиќ.

Годишно во земјава се увезуваат меѓу 60.000 и 100.000 тони пченица, зависно од годината и од домашното производство. Годишните потреби се проценуваат на 300.000 тони, а од домашното производство, зависно од годината, се обезбедуваат околу 250.000 тони пченица.

Мелничарите практикуваат најголемиот дел од потребните количини на пченица да ги обезбедат од домашно производство по жетвата, а дополнителните количини ги купуваат по жетвата или по Нова година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article