More

    Убиството на 22-годишна студентка по биомедицина до страна на нејзиното момче ја потресе Италија

    spot_img

    Убиството на 22-годишна студентка по биомедицина до страна на нејзиното момче ја потресе Италија. Илјадници Италијанци излегоа на улиците во Падова за да ѝ оддадат почит на Џулија Чекетин која не стигна да ги заврши студиите. Нејзиното момче Филипо Турето беше приведено во Германија и го призна злосторството велејќи дека не може да и прости затоа што ја раскинала нивната врска.

    Телото на Џулија беше пронајдено недела дена откако таа исчезна во ноевмри. Нејзиниот партнер се соочува со судење, а моментално е во притвор.
    Погребната церемонија во Падова беше директно пренесувана на државната телевизија. Нејзиниот татко Џино ги повика Италијанците погребот на Џулија да биде појдовна точка за запирање на убиствата и на сите видови насилства врз жените. Простувањето заврши со масовно ѕвонење со клучеви, како симболичен повик да не се премолчуваат насилствата.

    Ужаленото семејство – братот Давиде, сестрата Елена и таткото Џино – Фотографија ЕПА, Марко Албертини
    Убиството на Чекетин поттикна масовни протести низ цела Италија, што ја принуди Џорџа Мелони, првата премиерка во историјата на Италија, јавно да вети дека ќе стори сѐ што може за да ги заштити жените, почнувајќи од кампања во училиштата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img