Мелинда Гејтс го покажа новото момче

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако се разведе од милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс (60) ја најде среќата со Филип Вон. Папараците сега ги снимија сега за првпат во јавност додека шетаат по улиците на Њујорк.

Она што е особено интересно кога станува збор за овој пар е фактот дека Филип девет години работел во „Мајкрософт“, сопственост на Бил Гејтс.

 

Инаку, веста за разводот на Мелинда и Бил Гејтс по 27 години брак дојде неочекувано. Како причина ги навела неговите неверства, но и поврзаноста со осудениот силувач Џефри Епштајн. Разводот го чинеше Гејтс дури 12,5 милијарди долари, кои мораше да и ги исплати на Мелинда, па потоа повеќе не беше прв на листата на најбогати луѓе на светот.

Поранешните сопружници не останаа баш во пријателски односи, а Бил потоа започна врска со Пола Херд. Мелинда во моментот е среќна во љубовта со Филип, а во какви односи е со нејзиниот поранешен сопруг и работодавец, сè уште не е познато.

Share This Article