More

    Меѓународниот монетарен фонд оценува дека имаме висок дефицит и јавен долг

    spot_img

    Македонската економија годинава ќе има раст од 2,7%, следната година од 3,7% отсто, а во 2026 година од 3,5%, предвиде Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот економски извештај.

    Како што се наведува во извештајот, инфлацијата годинава ќе биде 4%, а во следните две години ќе се намали на 2,5% во 2025 година а во 2026 на 2%.

    ММФ оценува дека во регионот земјава ќе има најнизок раст, а дека имаме висок буџетски дефицит и висок јавен долг. Дефицитот според ММФ во државната каса преминал 5%, додека обврските за изградба на автопати и зголемените плати на административците создаваат дополнителен притисок врз буџетот.

    Според прогнозата на ММФ светската економија ќе продолжи да расте со 3,2% во текот на 2024 и 2025 година..

    Напредните економии ќе имаат мало забрзување на растот од 1,7% годинава и 1,8% во 2025 година. Спротивно на ова растечките економии скромно ќе забават, велат од ММФ на 4,2 % годинава и ист процент во следната година.

    Се предвидува и глобалната инфлација да се намалува постојано. Годинава таа ќе изнесува 5,9% и 4,5% во 2025 година, при што напредните економии ќе се вратат на своите цели за инфлација порано од пазарите и економиите во развој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img