More

    Меѓу падините на планината Охи, јужно од вториот по големина грчки остров Евија (познат и како Евбеја), се наоѓа селцето Антија – толку мало што не се појавува ни на Гугл мапс

    spot_img

    Меѓу падините на планината Охи, јужно од вториот по големина грчки остров Евија (познат и како Евбеја), се наоѓа селцето Антија – толку мало што не се појавува ни на Гугл мапс.

    Ова селце, зафрлено во оддалечените ридови на Грција, е дом на една од најфасцинантните културни практики во светот, а тоа е јазикот „сфирија“.

    Што е јазикот „сфирија“?

    „Сфирија“ е назив за древен свиркачки грчки јазик кој потекнува од Антија и за кој се верува дека постои повеќе од 2.500 години. Тој е единствениот свиркачки јазик во Грција и еден од двата единствени свиркачки јазика во цела Европа.

    Овчарите на Антија со милениуми користеле свиркачки говор за да комуницираат на огромни растојанија бидејќи звукот на свиркањето патува 10 пати подалеку и од звукот на викањето, до 4 километри.

    Називот „сфирија“ доаѓа од грчкиот збор „сфиризо“ што значи „свиреж“. Мештаните и експертите сметаат дека „сфирија“ е јазик иако технички станува збор за говорен регистар според дефиницијата на лингвистите и е сличен на шепотењето или на викањето.

    „Сфирија“ не е засебен јазик, туку свиркачка верзија на современиот грчки јазик, а буквите, зборовите и слоговите се свиркани место кажани. Граматиката и вокабуларот не се сменети, па оние кои „говорат“ на „сфирија“ можат да водат цели сложени разговори на долги растојанија.

    Како се зборува со свиркање? Буквите и слоговите одговараат на различни тонови и фреквенции. Секој свиреж се разликува според висината, испрекинатоста или според континуираноста на тонот. Свиркачите го имитираат ритамот на говорениот грчки јазик, па обучените слушатели можат да ја „дешифрираат“ свиркачката порака. Со вежбање, свиркачите учат како да ја пренесат секоја порака.

    Древна мистерија: потеклото на грчкиот свиркачки јазик

    Според некои теории, овој јазик се создал во времето на Византија или во претхристијанските времиња. Мештаните наводно со свиреж тајно ги предупредувале другите за опасности од ривалските села или за ограбувачи бидејќи само тие го разбирале дијалектот, па служел како шифриран јазик. Герила борците ја користеле истата комуникациска техника во подоцнежните војни.

    Според други теории, персиските војници, кои бегале откако изгубиле во Битката кај Саламина во 480 година п.н.е., претходно ги чувале грчките затвореници во областа Каристос, па го користеле свиркачкиот јазик за да пратат шифрирани пораки и да комуницираат без да ги откријат своите локации. Мештаните наводно ја презеле оваа пракса од војниците.

    Јазикот „сфирија“ најверојатно потекнува од локалната средина бидејќи на тамошните овчари им е практично да си праќаат пораки на далечина.

    Кога е откриен јазикот „сфирија“?

    „Сфирија“ се зборува неколку векови, но никој, надвор од локалниот предел, до неодамна не знаел за јазикот.

    Приватен авион се срушил на планината Охи во март 1969 година. Мештаните им помагале на спасувачите во нивната потрага по исчезнатиот пилот и го користеле нивниот свиркачки јазик за да комуницираат, па странците така првпат го чуле јазикот.

    Колку свиркачки јазици постојат?

    Свиркачките јазици не се карактеристични само за Грција, туку и за други места низ светот кои најчесто се наоѓаат во планинските предели. Денес во светот постојат 70 други свиркачки јазици како Гавијао во Амазон, мазатечките свиркачки јазици во Мексико, пиринејските јазици и други.

    Но, „сфирија“ е најзагрозен јазик.

    Само шестмина говорители го познаваат јазикот, а бројката се намалува. Ниеден европски јазик, свиркачки или, пак, обичен, нема помалку живи говорители од овој грчки јазик бидејќи селаните стареат, многу свиркачи починале, а забите им паѓаат на живите свиркачи, па не можат да ја изговорат правилната интонација. Исто така, многу жители на Антија се преселиле во поголеми градови.

    – Ова е нашиот начин на живот и ако исчезне, ќе исчезне и културолошкиот идентитет на нашето село – рекол најдобриот свиркач на Антија Панајотис Цанаварис.

    Многумина во Антија сакаат да поднесат петиција до владата, а владата да поднесе апликација до УНЕСКО. Наведувањето на овој јазик како важен дел од грчкото нематеријално културно наследство, кое треба да се заштити, може да ја подигне меѓународната свест.

    Панајотис Цанаварис во 2010 година ја основал Културната организација на Антија за да го оживее јазикот во изумирање. Тој во 2014 година повикал лингвистички тимови од Харвард и од Јејл за да му помогнат да го сними јазикот за идните генерации.

    Краток документарен филм, прикажан во музејот за уметност Метрополитен во Њујорк во 2016 година, неодамна ги прикажал Цанаварис и другите соселани како дел од напорите на Цанаварис да го привлече вниманието на јазикот „сфирија“.

    Во уште еден обид за оживување на интересот меѓу мештаните, општината Каристос (каде што се наоѓа Антија) во 2016 година го организираше првиот Фестивал на свиркачкиот јазик.

    Цанаварис неодамна почина, но неговото наследство живее, а другите ќе ја продолжат неговата кауза за зачувување на овој јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img