More

    Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја турнал новинарката Амброзија Мета, за време на прес-конференција, откако му поставила прашање, а камерите го забележале целиот инцидент

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја турнал новинарката Амброзија Мета, за време на прес-конференција, откако му поставила прашање, а камерите го забележале целиот инцидент.

    Новинарката го прашала „зошто парите од албанските даночни обврзници одат во ново пристаниште додека, пак, во сегашното пристаниште Драч им се продаваат станови на приватни инвеститори“, а тој ја турнал.

    – Те молам, не допирај ме повеќе – рекла новинарката додека Рама заминувал по инцидентот.

    Унијата на албанските новинари реагираше по скандалозниот инцидент.

    „Избегнувањето конкретен одговор од страна на премиерот проследено од застрашувачки јазик и кршење на етиката, сосе нарушувањето на физичкиот интегритет на новинарката е непрофесионално, пренесоа албанските медиуми. Унијата на албански новинари изразува солидарност со колешката Амброзија Мета која е храбра новинарка во потрага по факти и податоци со цел јавна транспарентност и одговорност на власта“, се вели во соопштението на Унијата.

    Новинарката Амброзија Мета рекла дека „за жал, премиерот Рама со физичкиот контакт ја покажал својата вообичаена ароганција кон новинарите и дека таа жали што шефот на владата не може да се контролира кога станува збор за нешта од јавен интерес“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img