Во новото интервју за „Вариети“, Меган Маркл проговори за смртта на кралицата Елизабета Втора, но и за многу теми поврзани со нејзиното семејство, принцот Хари и откри како се справиле со оваа загуба.
Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември, а најавуваната насловна страница со Меган на „Вариети“ поради тоа е одложена. Сега конечно е објавено интервјуто со војвотката од Сасекс. Маркл за магазинот проговорила за смртта на кралицата и рекла дека таа за неа е најсветлиот пример за женско лидерство.
„Дојде до таков излив на љубов и поддршка. Навистина сум благодарна што можев да бидам покрај мојот сопруг и да го поддржувам, особено во тоа време. Она што е толку убаво е да се погледне наследството што неговата баба го остави на толку многу фронтови“, раскажала таа.
„Секако, кога станува збор за женското лидерство, таа е најсветлиот пример како тоа изгледа. Чувствувам длабока благодарност што успеав да поминам време со неа и да ја запознаам. Тоа беше комплицирано време, но мојот сопруг, секогаш оптимист, рече: „Сега повторно се обедини со нејзиниот сопруг“, додала Маркл.
Маркл се присетила и на својот прв официјален ангажман со кралицата и рекла колку тоа било посебно. Таа откри и како ја претрпеле оваа загуба како семејство.
Меган зборувала за својата кариера во забавната индустрија и открила и како би реагирала доколку нејзините деца сакаат да се пробаат во оваа професија во иднина.
„Би рекла: „Одлично! Кога ќе станете родител, искрено сакате вашите деца да најдат работи што им носат целосна радост. Тие се очигледно наши деца и дел од наследството и традицијата и семејството кои ќе имаат различни очекувања. Но, сакам тие да бидат во состојба да го создадат својот сопствен пат. Ако е тоа забавната индустрија, одлично“, рекла таа.
„Има толку многу луѓе кои ќе зборуваат за тоа што им ја отвори вратата на моите деца. Но, сепак е потребен талент и многу храброст. Создаваме повеќедимензионални, интересни, љубезни, креативни луѓе. Такви се нашите деца“, додала таа. Војвотката од Сасекс открила и што значи за неа тоа што другите луѓе ја разбираат.
„Никој никогаш не ме прашал тоа. Можам да зборувам само за себе, но мислам дека е многу важно да се чувствувам разбрано и видено“, рече таа.