More

    Медведев повикува на елиминација на Зеленски, најави и украинскиот претседател

    spot_img

    Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повика во средата да се елиминира украинскиот претседател Володимир Зеленски како одговор на наводниот напад со беспилотно летало врз Кремљ за кој Москва го обвинува Киев. Од друга страна, претседателот Володимир Зеленски негираше дека Украина го нападнала рускиот претседател Владимир Путин.

    „По денешниот терористички напад, не ни останува ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски и неговата клика“, напиша на Телеграм Медведев, вториот член на Советот за безбедност на Русија, кому не му е непознато ваквите остри изјави.

    Во средата Русија ја обвини Украина дека го нападнала Кремљ во текот на ноќта со беспилотни летала во неуспешниот обид за атентат на претседателот Владимир Путин.

    Кремљ објави дека го смета нападот за „планирана терористичка акција“ и обид за атентат на претседателот во пресрет на Денот на победата, Парадата на 9 мај, и затоа го задржува правото на одмазда.

    Во наводниот напад на резиденцијата на Путин во Кремљ, користени се два дрона, но руската одбрана ги онеспособи, а Путин не е повреден и не е причинета материјална штета на зградите, велат од Кремљ.

    Непотврдено видео кое кружи на руските социјални мрежи, вклучително и на каналот на воениот медиум Звезда, покажува како чад се издига од зад главната палата на Кремљ по наводниот инцидент.

    Зеленски: „Не го нападнавме Путин“
    Но, Зеленски одговара: „Ние не го нападнавме Путин“. Нека се занимава судот. Ние се бориме за нашата територија, ги браниме нашите села и градови“, рече украинскиот претседател на прес-конференција во Хелсинки во друштво на северноевропските лидери.

    „Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Немаме доволно оружје за тоа“, додаде тој.

    Русија соопшти дека соборила два украински беспилотни летала лансирани во Кремљ во Москва, опишувајќи ги „тие акции како обид за терористички напад и напад врз животот на претседателот“ Владимир Путин.

    Одговарајќи на прашање за причините поради кои Москва го обвинува Киев, Зеленски рече дека „Русија не победува“ во Украина.

    „Тој (Путин) повеќе не може да го мотивира општеството и да ги испраќа своите војници да умираат за ништо“, истакна тој.

    Зеленски во средата допатува во ненадејна посета на Финска, каде што се одржува самит на петте нордиски земји.

    Претходно во средата, советникот на Зеленски, Михајло Подољак, исто така, ја отфрли украинската одговорност, велејќи дека со ваквите акции Киев нема да постигне ништо на бојното поле, туку само ќе ја испровоцира Русија на порадикална акција.

    „Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ. Не го напаѓаме Кремљ затоа што, пред се, ова не решава ниту една воена задача“, рече Подољак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img