Војната меѓу САД и Руската Федерација е неизбежна поради тоа што Вашингтон одбива да ја врати Алјаска, смета поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Тој ја коментираше изјавата на претставник на американскиот Стејт Департмент кој рече дека Путин нема да ја земе назад оваа територија.
Медведев на Икс напиша:
„Според претставниците на Стејт департментот, Русија нема да ја врати Алјаска, која во 19 век ја продаде на Америка. Тоа беше во тоа време. И очекувавме дека е прашање на денови кога повторно ќе стане наша. Сега војната е неизбежна“.
Препирката меѓу САД и Русија во врска доаѓа откако беше обзнаено дека Путин потпишал извршна наредба со која се прогласува за „нелегална“ продажбата на Алјаска. Се смета дека тоа е дел од повеќе правни акти со кои се забранува оттуѓување на имотот на Русија и на некогашниот СССР, иако таков документ не е објавен на страницата каде обично Кремљ ги објавува своите правни акти.
Алјаска беше спомната и во интервју на портаролката на руското МНР, Марија Захарова. Кога новинарка ја праша Захарова дали Путин го крши меѓународното право кога вели дека „Русија враќа назад територии како во времето на царот Петар Велики“, портпаролката на шега одговори дека разбира зошто американската новинарка е толку загрижена – „веројатно поради Алјаска“.