Заменикот-шеф на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев рече дека „Бајден е ментално растроен и решен да го одвлече човештвото во пеколот“, осврнувајќи се на годишното обраќање на претседателот на САД.
„Американскиот претседател Џо Бајден не требаше да го спомнува неговиот претходник Френклин Делано Рузвелт бидејќи тој, за разлика од Рузвелт, само ги срами САД“ – објави Медведев на социјалната мрежа Икс.
Медведев додаде дека Бајден е срам за САД, а 32-от американски претседател Рузвелт, иако бил слаб човек во инвалидска количка, тој ја извлече Америка од Големата депресија.
„За разлика од Рузвелт, Бајден е луд. Тој е ментално растроен и решен да го одвлече човештвото во пеколот. Покрај тоа, Рузвелт се бореше за мир со сојузниците, вклучително и со СССР, а Бајден активно и упорно се обидува да започне Трета светска војна. Рузвелт се бореше против фашистите, а Бајден се бори за нив“, напиша поранешниот руски претседател на Икс.