More

    ДИК предлага во Изборниот законик да се воведе преодна одредба со која на граѓаните од земајва и странство ќе им се овозможи на претстојните избори да гласаат со пасоши со старото уставно име чија важност сè уште не е истечена

    spot_img

    Државната изборна комисија предлага во Изборниот законик да се воведе преодна одредба со која на граѓаните од земајва и странство ќе им се овозможи на претстојните избори да гласаат со пасоши со старото уставно име чија важност сè уште не е истечена.

    Оваа одредба, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, би се однесувала само на годинашните избори, а пред сè би се однесувала на граѓаните чии лични карти се неважечки.

    Предлагаме пасошите на кои пишува Република Македонија, ако се важечки, да важат за гласање и тоа да се стави во Изборниот законик како преодна одредба која ќе важи само за овие избори. Од ова мислам дека нема поидеално решение. Веќе го сменивме Законот за лични карти и тие важат, но многу луѓе немаат и лични карти, па ако важат пасошите, ќе имаат еден документ, зашто тоа се реално важечки документи, издавани од нашите надлежни органи – рече Даштевски на ТВ Телма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img