More

    Маж во Јужна Кореја се здебелил за да не оди во војска

    spot_img

    Маж од Јужна Кореја е осуден на условна затворска казна од една година бидејќи намерно се здебелил повеќе од 20 килограми за да избегне воена служба, соопшти денеска Судот во Сеул, објави Асошиејтед прес.

    Според судската одлука, и пријател на осудениот добил условна казна од една година затвор бидејќи му помогнал да избегне воена служба. Во 2017 година, тој, што требало да служи војска, тежел 83 килограми, но по советот на неговиот пријател дека може да ја избегне воената служба доколку има вишок килограми, тој го удвоил дневниот внес на храна, сосредоточувајќи се на висококалорични прехранбени производи. Според тамошните медиуми, и двајцата се на возраст од 26 години.

    На три прегледи од 2022 до 2023 година тој тежел од 102 до 105 килограми, поради што тој требало да одработи само цивилна воена служба.

    Инаку, во Јужна Кореја, од мажите на воена возраст се бара да отслужат воен рок од 18 до 21 месец, со што лицата со здравствени проблеми служат цивилна воена служба во установи како што се центрите за социјална помош. Мажите со сериозни здравствени проблеми се ослободени од воени должности.

    Во Јужна Кореја годишно се забележуваат околу 50 до 60 случаи на избегнување воена служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img