Американската раперка Алиана Грин, попозната како Тан ДаГод, е убиена во салон за убавина во Калифорнија, пишува „Дејли мејл“. Раперката имаше 27 години.
Таа претходно на социјалните мрежи најави дека ќе присуствува на отворањето на козметичкиот салон и дека ќе се дружи со обожавателите. Вооружен маж влегол во салонот за време на настанот и пукал директно во раперката. Алиана потоа била пренесена во болница, каде што починала од повредите.
Странските медиуми пишуваат дека во полициските извештаи се наведува дека нападот се случил поради „претходно несогласување во текот на денот“.
На социјалните мрежи се проширија вознемирувачки снимки кои ги забележиле моментите пред трагедијата, а се слушаат и истрели.
– Таа беше таму, а еден човек со качулка влезе и почна да пука. Сите се наведнаа и се сокрија зад автомобилот. Тој гледаше само во неа, тоа го видов јас. Не пукаше во сите, туку само во неа – изјавил еден од очевидците.
Тан ДаГод минатата година објави неколку песни: „Thats my ex pack“, „Mac & Needs“, „Controlla Freestyle“, „I need therapy“…
Раперката беше популарна и на Инстаграм.