More

    Сопругата на Огњен Амиџиќ откри со што се соочува по породувањето

    spot_img

    Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ на 9 март добија син на кој му го дадоа името Перун, а водителката сега откри со што се соочува по породувањето.

    Мина објави фотографија од теретана и отиде на првиот тренинг по породувањето, но откри дека не било лесно.

    „Дури кога ќе се вратиш на тренинзите сфаќаш колку бременоста го „разнесува“ телото, иако мислев дека не ја ни почувствував“, напишала Мина во описот на фотографијата.

     

    Да потсетиме, на Огњен со Мина ова му е трет брак, додека од претходниот брак со манекенката Данијела Димитровска го има синот Матија. Како што сега истакнал, со двете поранешни сопруги останал во добри односи.

    – Имам две поранешни сопруги, бидејќи зад мене имам два брака. Немам деца од првиот брак, имам од вториот брак. Првата сопруга беше јавна личност кога се забавувавме и кога бевме во брак, но подоцна ја промени професијата – рекол Огњен во поткастот „Бункер“ и додаде:

    – Со двете поранешни сопруги сум во коректен однос, секако поради Матија, така што сето тоа е точно.

    Водителот се присетил и како започнала неговата љубовна врска со Мина.

    – Се запознавме на интервју за работа. Денес се смееме на тоа, кога се запознавме, таа ми остави впечаток со нејзиниот изглед, харизма, воспитување, елоквентност и писменост. Имаше нешто што одамна не сум го видел – изјавила Амиџиќ.

    – Почнавме сè повеќе да се запознаваме, навистина бев импресиониран, а поубава девојка од неа во животот немам видено. Отпрвин не ѝ верував дека е природна. Од бојата на очите, устата, сè. И така малку по малку се зближувавме како цел живот да се познаваме. Не бевме расположени да ја направиме таа приказна гласно, се случи спонтано затоа што никој не ја планираше, па кога се знаеше се знаеше.

    Мина беше дел од последната сезона на „Амиџи шоу“, каде го водеше специјалниот сегмент „Внимавај Мина“. Кога дознала дека е бремена, се повлече од малите екрани и во моментот ужива во мајчинството. Огњен не можел да одговори на прашањето дали неговата сопруга ќе се врати на малите екрани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img