Каликсте Нзамвита е 71-годишен маж од Руанда, кој 55 години не ја напуштал својата куќа поради неговиот „екстремен страв од жените“.
Последните 55 години ги помина во самонаметната изолација за да избегне каков било контакт со жени. Почнал да се изолира на 16 години, а поради стравот од жените во својот мал дом ги извршува сите функции.
-Причината поради која се заклучив внатре и имам ограда на мојата куќа е затоа што сакам да се погрижам да не ми се приближат жените – објасни тој во интервју за ТВ Афримакс.
Неговиот сосед објасни дека Нзавита одбива контакт поради својата фобија.
-Кога се обидуваме да му помогнеме, тој не сака да му се приближиме или да разговараме со него. Наместо тоа, му даваме работи фрлајќи ги во неговата куќа. Тој не дозволува се приближуваме до него, но она што му го нудиме, тој сепак го зема од далечина – вели соседот.
Симптомите укажуваат дека Нзавита страда од гинофобија, специфична фобија опишана како „ирационален страв од жените“, иако никогаш официјално не му била дијагностицирана. И покрај се, тој тврди дека е задоволен од ваквиот начин на живот.
-Начинот на кој живеам е сосема доволен за мене. Никогаш не сум размислувал да имам жена и тоа е сосема добро со мене. Не сакам жени околу мене бидејќи многу ме плашат – објаснил тој.
Гинофобијата не е официјално признаена како ментално растројство, но клинички е класифицирана како специфична фобија.