Маж на возраст од 60 години синоќа бил нападнат од мечка во атарот на велешкото село Оморани. Несреќата се случила додека тој пасел крави и кога одеднаш мечката му се нафрлила и го гризнала.
Го спасиле неговите кучиња кои тргнале кон неа и лаејќи ја избркале.
Од СВР Велес потврдија дека синоќа во 21.30 часот во болницата во Велес, 60-годишниот Ц. С. од село Дреновци, прилепско, им пријавил на полициски службеници од СВР Велес дека додека пасел крави на планината Мукос, атар на село Оморани, Општина Чашка, бил нападнат и каснат од мечка што ја избркале неговите кучиња.