При претресот на мажот на американско-мексиканската граница биле пронајдени 52 живи гуштери и змии кои ги криел во облеката.
Во соопштението на Граничната служба на Соединетите држави (САД) се наведува дека на 25 февруари на граничниот премин Сан Исидро меѓу Сан Диего и Тихуана бил запрен камион кој доаѓал од Мексико.
Се додава дека од возачот, 30-годишен американски државјанин, било побарано да го напушти возилото.
При претресот во јакната, џебовите и дел од препоните биле пронајдени девет змии и 43 гуштери со рогови.
Во соопштението се наведува дека се работи за загрозени видови и дека возачот е приведен.