More

    Фон дер Лајен под истрага, Ковеси рече дека е за ковид-вакцините

    spot_img

    Европската јавна обвинителка Лаура Ковеси за време на посетата на Загреб изјави дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцини против корона вирусот од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен,

    Според хрватски медиуми, Ковеси рекла дека добиле жалби од поединци и ја имаат обврската да истражат, а  случајот беше отворен пред неколку месеци врз основа на тие поплаки.

    Ковеси објасни дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцините против корона вирусот и улогата на Урсула фон дер Лајен во тој процес.

    – Имаме многу искусни обвинители, професионални и храбри. Нашата независност е загарантирана. Ги имаме сите потребни алатки за да спроведеме каква било истрага и што е уште поважно, законот е еднаков за сите – вели Ковеши.

    „Њујорк тајмс“ пред извесно време извести дека личниот контакт на извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, и претседателката на Европската комисија, бил клучен за склучување на договорот во вредност од повеќе милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img