Маж, кој претходно се пожалил дека децата во соседството се гласни, застрелал девојче во глава додека таа си играла со нејзиниот татко пред нивниот дом во Чикаго.
Сараби Медина (9) беше брутално убиена за време на викендот во Чикаго додека се возела со својот тротинет пред нејзиниот дом. Полицијата во понеделникот го уапсила Мајкл Гудман (43) поради сомнение дека ѝ пукал на девојчето во глава.
Гудман е обвинет дека во саботата навечер, нешто пред 21 часот, се вооружил кон група луѓе собрани во населбата Портаџ Парк и дека ја застрелал малата Сараби додека таа си играла со својот татко пред куќата.
Очевидци велат дека девојчето си купило сладолед неколку минути претходно.
Кобната вечер луѓето се преплашиле кога го виделе вооружениот напаѓач, а таткото на малата Сараби се обидел да ја заштити.
– Му кажа на малото девојче да го земе тротинетот и да оди дома – рекол Рене Акино, пријател на таткото на Сараба, Мајкл Медина.
Тој вели дека Мајкл бил на половина пат до влезот од куќата кога го видел напаѓачот како и приоѓа на неговата ќерка.
Таткото видел како го Гудман го крева пиштолот и имаше само време да каже: „Тоа е мојата ќерка“, вели пријател на семејството.
Мајкл тргнал кон својата ќерка, а Гудман потоа испукал истрел директно во главата.
Жителите на оваа населба се згрозени од тоа што се случило. Велат и дека мајката на девојчето била убиена пред пет години во вооружен напад во Остин, по што Мајкл и девојчето се преселиле да живеат во Чикаго.
– Сараби беше прекрасно дете. Одеше по тротоарот со својот тротинет и се смееше. Почина невино дете, не го заслужи тоа – изјави Дестини Хил, сосед на убиеното девојче.
Зошто напаѓачот пукал во девојчето засега е непознато.
Еден сосед рекол дека Гудман се жалел дека Сараби е премногу гласна, но дека тоа го тврди за сите деца.
– Тоа беа само деца кои си играа, тој излегуваше и викаше поради вревата. Едноставно немаше смисла, ништо од тоа немаше смисла. Сите во соседството само би му кажале дека се само деца кои се забавуваат играјќи, да ги пушти да си одат – изјавила сосетката Меган Кели.