More

    Масовниот убиец ја тужи државата поради прекршување на неговите права

    spot_img

    Апелациониот суд во Норвешка му дозволи на Андерс Брејвик, кој беше осуден на 21 година затвор за убиство на 77 лица во два одвоени напади во 2011 година, повторно да ја тужи државата поради наводно прекршување на неговите права додека ја отслужуваше затворската казна, објави весникот Афтенпостен.

    Окружниот суд во Осло ја отфрли тужбата на Брејвик во февруари, а Апелациониот суд сега го врати неговиот случај на понизок суд за повторно разгледување.

    Засега не се знае кога ќе се одржи ново судење за тужбата на Брејвик.

    Во јануари, 45-годишниот Брејвик ја тужеше норвешката држава за наводно кршење на неговите човекови права затоа што е во самица во затвор и неговата кореспонденција е ограничена.

    Неговите адвокати тврдеа дека Норвешка ја прекршува Европската конвенција за човекови права.

    Во 2011 година, Брејвик прво активираше автомобил-бомба во близина на кабинетот на премиерот во Осло, при што загинаа осум лица, а потоа со автомобил се упати кон островот Утоја и таму уби 69 луѓе во младинскиот камп на Лабуристичката партија.

    Во 2012 година беше прогласен за виновен за тероризам и осуден на максимална казна во Норвешка – 21 година затвор, која може да се продолжи на неодредено време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img