Масовна тепачка се случила во училиштето „Кампус Ефеувег“ во берлинскиот кварт Нојколн, во која се повредени дури 49 ученици

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Масовна тепачка се случила во училиштето „Кампус Ефеувег“ во берлинскиот кварт Нојколн, во која се повредени дури 49 ученици. Според германските медиуми, учениците биле повредени со солзавец. Нападнати биле и две учителки, директорката и еден полицаец, а се ескалирало по расправија за фудбал.

Наводно сѐ започнало кога пет ученици на возраст од 14 и 15 години се степале за топка на училишното игралиште. Како што пишува Билд, еден од нив извадил солзавец и почнал да прска. Откако солзавецот и него го погодил во очите, го испуштил на подот, но го нашло друго момче кое продолжило да прска.

Две учителки се обиделе да ја прекинат тепачката, но момчињата и нив ги испрскале и со солзавец. Во болница завршила и 52-годишната директорка на училиштето која учениците ја турнале и ѝ ја скршиле раката. Полицијата пристигнала со неколку автомобили и ја смирила ситуацијата.

Но набрзо потоа, постариот брат (21) на еден од инволвираните ученици влетал во училишниот двор и го удрил полицаецот во глава. Полицаецот го соборил насилникот на земја, додека 21-годишниот продолжил да се заканува.

Во училиштето пристигнала брза помош која од ефектите на солзавецот однела 49 ученици и двајца професори на лекување во болница.

Петмината инволвирани тинејџери се суспендирани до Божиќ. Според информациите на весникот Билд, сите петмина ученици се со мигрантско потекло. Според Берлинер Моргенпост, двајца од нив се познати како „интензивни престапници“.

Share This Article