More

    Маските остануваат во училиштата, комисијата смета дека учениците и натаму мораат да ги носат

    spot_img

    И покрај тоа што имаше неколку иницијативи на родителите учениците да ги тргнат маските во училниците, од Комисијата за заразни болести велат дека за оваа мерка воопштено не е разговарано на денешната седница.

    – До КЗБ нема пристигнато таква комуникација и затоа немаме разговарано за тоа. Меѓутоа ставот на СЗО и на Европскиот центар за контрола на болести е дека затворени простори, па и во училиштата, од 6 годишна возраст па нагоре. Токму препораките и протоколите за следење на наставата со физичко присуство се поставени врз основа на овие ставови – велат од Комисијата за заразни болести.

    Во врска со најавениот скрининг на учениците, од Комисијата велат дека ќе биде потребна согласност од родителите.

    – Сметаме дека методологијата на изведување на овој скрининг ќе биде малку поинаква и со поинаква динамика, па така ќе бидат потребни помал број на тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба во училиштата. Наскоро оваа методологија ќе биде утврдена и ќе ги имаме точните резултати кои не интересираат – рече д-р Мехмедовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img