Машките мајмуни имаат почести односи со истополови партнери отколку со женки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Набљудувајќи група резус макаки во период од три години во Порторико, научниците од Империјалниот колеџ во Лондон открија дека мажите почесто имаат секс со истиот пол отколку со спротивниот пол.

Истражувачите објавија дека 72 отсто од 236 машки мајмуни или скокале други мажјаци или биле скокнати од други мажјаци, додека само 46 отсто имале хетеросексуален однос.

Различни теории кружат меѓу научниците. Некои тврдат дека тоа се должи на недостатокот на женки, а некои дека претставува доминација или едноставно е начин за опуштање, пренесува Science Alert.

Но, истражувачите веруваат дека нивните набљудувања всушност поддржуваат една сосема нова теорија – дека мажите кои се впуштаат во хомосексуални односи имаат еволутивна предност во однос на нивните хетеросексуални колеги.

Машките бисексуални мајмуни имаат еволутивна предност
Истражувањата покажаа дека машките мајмуни кои се впуштале во меѓусебни сексуални односи често го поддржувале партнерот во тепачки. Но, тие мажјаци не се занимавале исклучиво во хомосексуални врски, туку и во хетеросексуални.

Истражувачите откриле дека бисексуалните макаки имаат повеќе потомци од хетеросексуалните мажи.

„Тие создаваат врски и меѓусебно си помагаат во борбите“, вели Винсент Саволаинен, биолог и главен автор на студијата.

„Идејата е дека ако го направат тоа, тогаш би можеле да имаат пристап до повеќе женски и да имаат повеќе бебиња“, додаде тој. Истражувачите дошле и до заклучок дека бебињата на бисексуалните макаки ќе се однесуваат на ист начин, пренесува N1 Загреб.

Share This Article