Масакрите не ги отрезнија учениците од „Рибникар“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Можеш ли да ја снимиш училницата по историја каде што се случувало сè, за луѓето подобро да се замислат; дали донесовте пиштоли; покажете ни ја училницата по историја, се само дел од страшните пораки на видео на ТикТок на ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“, кој вчера го снимил враќањето на учениците во училиштето каде една недела претходно тринаесетгодишник уби осум деца и училиштниот чувар, а рани шест деца и наставник по историја.

Иако учениците од ова училиште немаат редовна настава, туку разговори со стручни лица и наставници, дел од нив го снимиле доаѓањето во училниците.

Ученик го снимал училишниот ходник, но учениците кои се качуваат по скалите.

Видеото наиде на многу коментари, а за жал, меѓу нив имаше и некои, најблаго кажано, налудничави, пишува „Курир.рс“.

„Можеш да снимаш како да си тоа момче, како влегуваш во училиштето, пукаш во чуварот и уште три девојчиња и потоа влегуваш во канцеларијата за историја, те молам“, гласи една од ужасните пораки.

Многумина побарале од момчето да го сними кабинетот по историја каде се случило злосторството.

„Дали некој има видео од училиштето, оние главни места од влезот во училницата? Нас нè интересира како изгледа местото на пукањето“, се вели во пораките.

Некои се интересираат дали момчето кое го извршило злосторството ќе се врати на училиште.

Share This Article