More

    Марија Шарапова ги запрепасти фановите со новите фотографии

    spot_img

    Некогаш најдобрата тенисерка во светот, Марија Шарапова ги изненади своите следбеници со една од последните објави на Инстаграм.

    Руската тенисерка која важеше за една од најатрактивните во белиот спорто, бјави неколку фотографии од Париз, каде ја посети тамошната модна недела. Таа позираше во тексас панталони и кошула кои ги искомбинира со црна чанта и чевли, а нејзиниот изглед привлече внимание. Многумина во коментарите и пишаа дека многу се променила.
    „Не те препознав, си го уништи изгледот“, „Боже, дали е ова навистина Марија? Невозможно е. Што и е со носот?“, „Мислам дека го оперирала носот“, „Ми недостига таа стара Марија“, „Не, ова не си ти“, „Убава си, но многу се промени“, се дел од коментарите под објавените фотографии.

    За потсетување, Марија Шарапова не игра тенис четири години. 36-годишната Русинка сега главно се занимава со деловни инвестиции во светот на модата и соработува со бројни брендови. Таа е многу популарна и на Инстаграм, каде ја следат 4,6 милиони луѓе.

     

    Шарапова до 2012 година беше во врска со познатиот словенечки кошаркар Саша Вујачиќ. Потоа беше со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а денес е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкес, со кој во јули 2022 година доби син.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img