More

    Маричиќ: Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите со Европската унија

    spot_img

    Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите со Европската унија – рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

    Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција не се откажува и ќе продолжи до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговара и да ги убедува колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата и на дело да покажат дека навистина се за ЕУ.

    Според Маричиќ, од декемврискиот Самит на ЕУ се очекуваат охрабрувачки пораки, но не и, како што истакна, нешто спротивно од напишаното во Преговарачката рамка и од она што на земјава и е зададено како обврска уште минатата година.

    – Скринингот ќе заврши во првата недела од декември, ние ги подготвуваме и ќе ги испратиме оние патокази што ни се обврска од крајот на скрингот во Првиот кластер и тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени. А бидејќи во моментот тоа нема изгледи да се случи, треба да очекуваме застанување. Но, ние не се откажуваме од тоа до последниот ден на мандатот од овој собраниски состав, да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава, да не влезат во еден вртлог, во еден тунел во кој веќе еднаш не внесоа во 2008 година и да соберат сила заедно да го направиме овој потег и одговорноста ќе биде заедничка, но и поените за да докажат на дело дека навистина се за ЕУ ќе бидат заеднички – изјави Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img