Маричиќ бара фокус на уставните измени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на осмата седница на Националниот Совет за евроинтеграции, посветена на програмата и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ, на која посочи дека очекува следните месеци сите да се фокусираат на брзо спроведување на реформите и на уставните измени.

– Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на уставните измени и скрининг процесот – рече Маричиќ, додавајќи дека има доволно време и простор успешно да ги завршат уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност.

Маричиќ потврди дека до 30 јуни годинава, колку што ќе трае шведското претседателство со ЕУ, ќе работат рака под рака со Шведска, бидејќи според него само со единство можеме да придонесеме во напредокот на нашата европска иднина и иднината на Европа.

– Убеден сум дека ќе успееме овие шест месеци да ги искористиме за напредок и интензивирање на реформите, а за време на шпанското претседателство, да го осигураме процесот на преговори со ЕУ и европската иднина на земјата – нагласи Маричиќ, истакнувајќи дека со тоа Северна Македонија влегува во следната фаза на евроинтеграциите и ќе ја одржи втората Меѓувладина седница со ЕУ.

Share This Article