More

    Макрон, заминува за САД во прва државна посета организирана од американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговото претседателствување

    spot_img

    Францускиот претседател, Емануел Макрон, заминува за САД во прва државна посета организирана од американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговото претседателствување, со што Вашингтон ја обновува практиката на одржување политички состаноци на високо ниво прекинати поради коронавирусот.

    Односите меѓу Бајден и Макрон ги одбележа бурен почеток, кога Макрон накратко го отповика францускиот амбасадор во САД минатата година откако Белата куќа објави договор за продажба на нуклеарни подморници на Австралија, откажувајќи го договорот што Франција го имаше со земјата за продажба на подморници на дизел-погон.

    Односите се поправија и Макрон стана еден од најголемите сојузници на Бајден во одговорот на Западот на руската инвазија на Украина. Состанокот оваа недела, чиј протокол предвидува и разговори во Овалната соба, свечена вечера, прес-конференција и друго, ќе се одржи во критично време за двајцата лидери.

    Долга е агендата за разговорите во Белата куќа предвидени за задутре, вклучувајќи ја иранската нуклеарна програма, зголемените претензии на Кина во Индо-пацификот и зголемената загриженост за безбедноста и стабилноста во африканскиот регион Сахел.

    Во центарот на вниманието ќе биде руската војна во Украина бидејќи и Бајден и Макрон работат на одржување економска и воена помош за Киев, додека украинската армија се обидува да ги потисне руските сили.

    Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, вчера го опиша Макрон како „динамичен лидер, најстариот сојузник на САД”.

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, го избра Макрон за прв странски лидер што го прими во официјална државна посета за време на неговиот мандат во 2018 година.

    Макрон треба да пристигне во Вашингтон вечерва, а утре ќе има состаноци и активности во Вашингтон и пошироко, вклучително и посета на седиштето на НАСА со потпретседателката Камала Харис, како и разговори со претставници на администрацијата на Бајден за нуклеарната енергија.

    За в четврток е предвидена приватната средба со Бајден, по што следува заедничка прес-конференција и посети на Стејт департментот и на Капитолот, пред да се одржи државна вечера за Макрон и неговата сопруга Брижит.

    Според француските власти, Макрон в петок заминува во Њу Орлеанс, каде што ќе ги објави плановите за проширување на програмата за поддршка на наставата на француски јазик во американските училишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img