More

    Макрон втор, Ле Пен трета?

    spot_img

    Во Франција се затворени гласачките места од вториот круг избори и веќе се објавуваат првите проекции кои се шокантни, пишува Гардијан.

    Француското национално собрание има 577 места, а за апсолутно мнозинство потребни се 289 места.

    Првите проекции на Ипсос ја покажуваат левицата во водство, голема промена во споредба со анкетите за време на кампањата.

    Според Ипсос, крајната левица НФП ќе има меѓу 175 и 205 пратеници, додека на второто место е алијансата Заедно на Емануел Макрон, на која ѝ се предвидуваат меѓу 150 и 175 мандати.

    Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен и Жордан Бардела е на третото место во излезните анкети, иако крајната десница очекуваше историска победа и за првпат да биде во можност да формира влада и да има контрола во Националното собрание.

    Излезните анкети од изборите во Франција даваат различни бројки до тој степен што не може со сигурност да се каже која партија освоила најмногу гласови, јави Би-Би-Си.

    Француската телевизија му дава на Националниот сојуз помеѓу 120 и 160 седишта во парламентот, ако тоа е точно тогаш ова е изненадувачки пораз за РН, кој би бил трет.

    Две други анкети, вклучително и на најголемиот француски приватен канал TF1 и од RTL/M6, покажуваат дека РН е на второто место. Друга проекција му дава на РН најголем број седишта.

    Како и да е, она што е јасно е дека Франција оди кон парламент во кој ниту еден блок нема да има мнозинство. Сликата ќе стане појасна во следните неколку часа, наведува Би-Би-Си.

    Излезноста на денешното гласање беше рекордна за последните 40 години, пишуваат француските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img