More

    Макрон шокираше зборувајќи за воената одбрана на ЕУ

    spot_img

    Постои ризик дека нашата Европа може да умре, а ние не сме опремени да се соочиме со ризиците, рече Макрон во својот говор на универзитетот Сорбона во Париз, предупредувајќи дека воените, економските, трговските и другите притисоци можат да ја ослабат и расцепкаат 27-члената ЕУ.

    Ројтерс пишува дека 46-годишниот Макрон во својот говор сакал да им покаже на критичарите дека не станал лидер во заминување и дека сѐ уште ги има енергијата и свежото размислување што му помогнаа да дојде на претседателската функција во 2017 година.

    Макрон има уште три преостанати години од неговиот втор и последен мандат како претседател. Претставувајќи ја својата идеја за посилна одбрана на ЕУ, тој рече дека не смее да ѝ се дозволи на Русија да победи во Украина и повика на зајакнување на европскиот сајбер-безбедносен капацитет, поблиски одбранбени врски со Британија по брегзитот и создавање европска академија за обука на висок воен персонал.

    – Нема одбрана без одбранбена индустрија… ние со децении не инвестираме доволно – рече тој, додавајќи дека Европејците треба да му дадат предност на купувањето европска воена опрема.

    – Мораме да произведуваме повеќе, мора да произведуваме побрзо и мора да произведуваме како Европејци – рече тој.

    Макрон рече дека Европа ризикува да заостане економски, во контекст кога глобалните правила за слободна трговија се оспорувани од големите конкуренти, и повика на намалување на бирократијата за малите и средни бизниси.

    Францускиот лидер се надева дека неговиот говор ќе го има истото влијание како сличното обраќање во Сорбона што го одржа пред седум години, а кое предочи на некои значајни промени во политиката на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img