Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Русија е жртва на исламистички напад и додаде дека групата одговорна за нападот во Москва неколкупати се обидела да изврши акции на француска територија.
Им предложивме на руските служби и на нашите партнери во регионот да ја зајакнат соработката, нагласи Макрон по пристигнувањето во Гвајана.
– Мораме да избегнеме секаква инструментализација или искривување на она што се случи и да дејствуваме прецизно и ефективно. Тоа е духот во кој одиме напред и се надевам дека Русија ќе го стори истото – изјави Макрон откако неговиот руски колега Владимир Путин ја обвини Украина.
Француската влада го подигна степенот на тревога за тероризам на највисоко ниво по нападот во Москва.