More

    Кавадаречката компанија „Еуроникел индустри“, која беше во стечај е продадена на холандската компанија Polynickel Holding BV, која е дел од турската групација Yildirim Group

    spot_img

    Кавадаречката компанија „Еуроникел индустри“, која беше во стечај е продадена на холандската компанија Polynickel Holding BV, која е дел од турската групација Yildirim Group, соопшти Комерцијална банка преку Македонска берза.

    Комерцијална банка како најголем доверител во „Еуроникел индустри“ го доби претходно имотот на кавадаречкиот комбинат и соопшти дека зделката изнесува вкупно 40 милиони евра.

    „Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 22.03.2024 година Банката склучи Договори за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од Еуроникел индустри с. Возарци во износ од 31.300.000 евра и Нова рефрактори од Пехчево во износ од 8.700.000 евра без даноци и давачки, со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијaта Yildirim Group. За конечната реализација на трансакцијата потребно е да се исполнат одредени законски и регулаторни барања“, се наведува во соопштението.

    За оваа зделка информираше на својот фејсбук профил и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

    „По залагањето на градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ. Општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката. Општина Кавадарци со градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители“, напиша Јанчев.

    „Еуроникел индустри“ подолг период беше во криза. Почнувајќи од екстремната енергетска криза и нестабилната цена на никелот на берзите, како и низата проблеми на инвеститорот ГСОЛ и компаниите кои го снабдуваа комбинатот со суровини лани го доведоа комбинатот до стечај.

    Еуроникел индустри беше еден од најголемите работодавачи во земјава и еден од најголемите извозници. Во него работеа 1.000 работници, а голем број мали компании живееја од овој комбинат извршувајќи одредени работи за него. Извозот на оваа компанија во 2019 година изнесуваше 200 милиони евра или 1,8% од БДП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img