More

    Макрон повика на помош на „чувствителните“ земји од Блискиот Исток за да се спречи ширењето на конфликтот

    spot_img

    Земјите кои се „чувствителни“ на Блискиот Исток треба да добијат меѓународна финансиска помош за да не бидат вовлечени во конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на мировниот форум во Париз.

    „Сè е поврзано“, рече Макрон, кој ја водеше првата тркалезна маса на Форумот.

    „Денес имаме многу чувствителни земји и ако не им помогнеме преку меѓународна солидарност, тие ќе бидат вовлечени во актуелниот конфликт на Блискиот Исток“, рече тој.

    Францускиот претседател нагласи дека акцијата на Меѓународниот монетарен фонд, особено во Јордан и Египет во рамките на конфликтот, е „апсолутно одлучувачка“.

    Вчера ММФ објави склучување на договор за помош од 1,2 милијарди долари за Јордан, земја која граничи со Израел и стравува од последиците од војната во која Израел и палестинската исламистичка група Хамас се борат повеќе од еден месец.

    Јордан, кој нема природни ресурси и зависи од меѓународната помош, веќе прими стотици илјади Палестинци и стравува од ново масовно иселување на својата територија.

    Генералната директорка на ММФ Кристалина Георгиева денеска напомена и дека на Египет, кој исто така е погоден од конфликтот, му е потребна „дополнителна“ помош.

    Папата Франциско упати порака на охрабрување до организаторите на Парискиот мировен форум и изрази надеж „дека оваа средба ќе може да придонесе за изградба на поправеден, солидарен и помирен свет“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img