More

    Макрон повика на де факто ембарго на оружјето на Израел и, во прикриен напад врз САД, рече дека земјите што истовремено снабдуваат оружје и повикуваат на прекин на огнот таму каде што тоа оружје се користи во конфликт се недоследни

    spot_img

    Макрон повика на де факто ембарго на оружјето на Израел и, во прикриен напад врз САД, рече дека земјите што истовремено снабдуваат оружје и повикуваат на прекин на огнот таму каде што тоа оружје се користи во конфликт се недоследни. Испораките на француско оружје за Израел се минимални, истакнува Ројтерс.

    Коментарите на францускиот претседател беа емитувани на француското радио два дена пред комеморацијата на нападите на Хамас на 7 октомври, во кои милитантите убија околу 1.200 Израелци и зедоа 251 заложник.

    Во текот на викендот, коментарот на францускиот претседател беше осуден од членовите на неговата партија, како и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој во остро видеообраќање рече дека изјавите на западните лидери што повикуваат на ембарго на оружје се „срамни“.

    Ставот на Макрон вчера беше отфрлен и од еден од најблиските сојузници на Франција, објави порталот Политико. На прашањето дали се согласува со ставот на францускиот претседател, британскиот министер за одбрана изјави за Скај Њуз:

    – Не, ние работиме по друг систем.

    Лондон ја суспендираше продажбата на голем број компоненти за оружјето што го користи Израел во Газа, откако заклучи дека постои реален ризик оружјето да биде употребено за прекршување на меѓународното хуманитарно право, но одби да поддржи целосно ембарго за оружјето, потсетува бриселскиот портал.

    Во февруари холандскиот суд ѝ нареди на холандската влада да престане да ѝ испорачува компоненти за борбени авиони Ф-35 на израелската влада поради нејзините континуирани напади врз Газа.

    Експертите на Обединетите нации во јуни предупредија дека земјите и компаниите што испраќаат оружје во Израел ризикуваат „да станат соучесници во меѓународните злосторства, можеби вклучувајќи и геноцид“.

    Вашингтон, најголемиот добавувач на оружје за Израел, во мај ја прекина испораката на тешки бомби за Израел поради офанзивата во Газа, но продолжи со испорака на друга воена опрема.

    Берлин, наводно, претходно оваа година го забави одобрувањето на извозот на оружје, пишува Политико.

    Израелски функционер што сакал да остане анонимен рекол за бриселскиот портал дека критиките од Европејците не му пречат на Нетанјаху.

    – Всушност, тоа му помага кај неговите тврдокорни поддржувачи бидејќи го претставува како херој на Израел. Затоа тој секогаш толку силно им се противи на Макрон или на други.

    Тој додаде дека најважниот однос за Израел е со Америка, нејзиниот главен снабдувач на оружје, а не со Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img