Макрон ги пречека своите гости на драстично различни начини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На клупа која повеќе потсеќа на дел од училиште, францускиот претседател Емануел Макрон ја прими косовска премиерка Вјоса Османи, коментираат српските медиуми. Несоодветниот прием го коментираше и албанскиот новинар Фитим Чеку кој споделувајќи фотографија напиша: „Зошто се случува ова?“

Од друга страна, Макрон му посвети цел час на српскиот претседател Александар Вучиќ пречекувајќи го на терасата на неговиот хотел Ирвин Вашингтон во палатата Алхамбра. Вучиќ со Макрон заедно ја следеле културно-уметничката програма организирана од европските лидери.

 

 

„На крајот од долгиот ден, отворен и суштински разговор со претседателот Емануел Макрон за сите важни прашања. Му се заблагодарив на претседателот Макрон за неговата подготвеност да ги слушне ставовите на Белград, како и за неговиот личен ангажман во регионот на Западен Балкан“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи по средбата.

Во петокот премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека Вучиќ на самитот во Гранада ја отстранил опасноста за воведување на санкции кон Србија. Таа рече и дека притисоците кон Белград се огромни и дека Приштина е во дипломатска офанзива.

Самитот на Европската политичка заедница во моментов се одржува во Гранада во Шпанија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article