More

    Макрон ги осуди изјавите на ајатолахот Хамнеи

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е веројатно оти Хамас имал помош во операцијата против Израел, истовремено нагласувајќи дека нема формален доказ за директна иранска вмешаност.

    – Не можам да зборувам за директна вмешаност на Иран бидејќи немаме формални докази, но јасно е дека јавните коментари на иранските власти се неприфатливи и дека веројатно му понудиле помош на Хамас – изјави Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Хамбург, северна Германија.

    Ајатолахот Али Хамнеи, највисокиот ирански орган, негира каква било вмешаност на неговата земја во масовниот напад на Хамас врз Израел во саботата истовремено потврдувајќи ја поддршката на Иран за Палестина.

    – Ги бакнуваме рацете на оние кои го планираа нападот врз ционистичкиот режим – рекол Хамнеи, според преводот на агенцијата Ројтерс.

    Висок американски функционер претходно изјави дека е „премногу рано да се каже“ дали Иран е „директно вклучен“ во офанзивата на Хамас.

    Сепак, тој додаде дека нема сомнеж во фактот дека режимот во Техеран бил еден од оние што ја „финансирале, опремиле и вооружиле“ таа организација, која западните земји ја сметаат за терористичка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img