More

    Македонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис

    spot_img

    Македонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис.

    – Подготвуваме заедничка декларација заедно со претставниците на грчкото, влашкото и на другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека тие се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите државни и меѓународни институции – изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, МАЕИ.

    Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.

    Според пописот, во оваа земја живеат 2.281 Македонци што е за повеќе од половина помалку споредено со пописот во 2011 година. Според македонските претставници во оваа земја живеат над 100.000 Македонци, главно концентрирани во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а илјадници ги има во Тирана, Елбасан, Драч и во други градови.

    И грчките претставници не ги признаваат презентираните 23.485 лица со грчка етничка припадност. Тие тврдат дека во земјата живеат околу 400.000 Грци, главно населени во јужниот дел на земјата.

    Во реакцијата на грчкото здружение „Омонија“ уште се наведува дека манипулација се и податоците за верската припадност. Од таму сметаат дека бројот на православните е поголем од прикажаниот.

    Најголемо изненадување на овој 12. попис е бројот на припадниците на бугарското малцинство, кое до 2017 воопшто не беше признато во Албанија. Властите тоа го сторија по бугарските закани со евроинтегративниот пат на Албанија.

    Сега во Албанија „живеат“ 7.057 Бугари, иако во претходните 11 пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

    Во меѓувреме, обвинувањата за фалсификувани податоци ги отфрли директорката на Институтот за статистика, Елса Дули, која рече дека пописот бил транспарентен и професионално спроведен според меѓународните стандарди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img