More

    Македонскиот јазик за првпат во официјален документ на ФУЕН

    spot_img

    Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик.

    – Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик – информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден”-Тирана.

    Брошурата содржи информации за 28 малциства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република Албанија и Република Грција.

    Ѓурѓај вели дека првото издание од оваа брошура е отпечатено во декември 2019 година на германски јазик.

    – Брошурата е на пет јазици, а сега и на македонски јазик и првапат на кирилично писмо. Преводот на брошурата од германски на македонски јазик е на Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на МД „Илинден“ и Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, посочува тој.

    За лектурата и коректурата на македонското издание се погрижија Никола Ѓурѓај и Лизбет Ѓурѓај.

    Според Ѓурѓај, работната група на словенските малцинства (АГСМ) ги реализира идејното решение, техничкото обликување и печатењето на Брошурата.

    – За нас, како Македонци од Република Албанија многу значи, што ова, исклучително важно издание на ФУЕН ќе добие и онлајн верзија која ќе биде достапна до многу поголем број на заинтересирани лица за проблемите и состојбите со националните малцинства во Европа – посочува Ѓурѓај.

    МД „Илинден”-Тирана учествува на четиридневниот 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска, а кој завршува денеска.

    Друштвото „Илинден” член е на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img