More

    Македонската фудбалска репрезентација ремизираше против Англија (1:1) на домашен терен во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација ремизираше против Англија (1:1) на домашен терен во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

    Од самиот почеток на натпреварот, Англија имаше иницијатива и ја држеше топката во свој посед, но изостануваа оние 100% прилики за гол. Ние бевме повлечени на својата половина и како трпеливо да ја чекавме нашата шанса.

    Најблиску до гол Англичаните во провото полувреме беа кога со шут надвор од шеснаесетникот беше погодена стативата од голот на Димитриевски.

    Првото возбудување пред голот на Англија беше по грешката на Хари Мегваер кој погреши во додавањето. По таа негова грешка, Елмас влезе во добра ситуација, а дефанзивецот на Манчестер Јунајтед го собори на тревникот. Публиката гласно бараше реакција, но судијата остана мирен и по чекањето ВАР собата да ја провери ситуацијата.

    Ако тогаш немаше најстрога казна, ја имаше во 42. минута, а одговорноста ја презема Енис Барди. Ударот од 11 метри на македонскиот репрезентативец, Пикфорд го одбрани, меѓутоа одбиената топка Барди ја смести во мрежата.

    Веднаш во вториот дел Англија тргна по изедначување. Само една минута по изведувањето на топката од центарот Грилиш ја затресе мрежата, тој гол беше поништен од ВАР поради офсајд ситуацијата.

    Голот за изедначување Англија го постигна во 58. минута кога Хари Кејн само што влезе во игра по 40 секунди со првиот допир на топката се запиша во листата на стрелци.

    До крајот на натпреварот немаше премногу прилики и резултатот не се промени, па Македонија го освои осмиот бод со кој останува на четвртата позиција во групата зад Англија, Италија и Украина. Последна е Малта.

    Со овој натпревар завршија и обврските за репрезентацијата во овој квалификациски циклус и следни предизвици ќе бидат наредната година во Лигата на Нации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img