Македонската енергетска асоцијација предлага мерки за да нема рестрикции на зима

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската енергетска асоцијација – МЕА при Стопанската комора минатата недела одржа седница на која се разгледа енергетска состојба во моментот и состојбата со снабдување на енергенси за претстојната зимска сезона. Согласно актуелната енергетска состојба постојат неколку барања и предлози кои треба да бидат разгледани и дискутирани со надлежните органи (Владата на РСМ и Регулторната комисија за енергетика), со цел да се најде заедничко решение за полесно справување со предизвиците настанати од глобалната енергетска криза којашто ни претстои во следните години. На средбата беа донесени повеќе заклучоци подржани од сите членки на МЕА.

1.Имајќи предвид дека сите земји во Европа преземаат мерки поради тешката и неизвесна претстојна зимска сезона потребно е и нашата државата да го стави како приоритетно прашање бидејќи сме енергетска зависна држава во повеќе сегменти. За таа цел потребно е да се зголеми домашното производство, бидејќи сите земји кои имаат свое сопствено производство имаат голема сигурност, стабилност и пониска продажна цена, а за да се зголеми домашното производство треба да се искористат сите можни ресурси и тоа:

– За да може максимално ЕСМ да произведува електрична енергија потребно е да се премине кон набавка на јаглен веднаш за да не биде доцна после во текот на зимата и треба државата финансиски да  помогне доколку е тоа потребно.

– Да се обезбеди мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино бидејќи согласно постојните цени на електричната енергија и на мазутот, цената од ТЕЦ Неготино е околу 250 евра по мегават час, наспроти пазарната цена која во моментот е 350 евра, а во претстојниот зимски период се очекуваат и повисоки цени.

– Да се разгледа можноста ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи е многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот (преку граничниот проток на електрична енергија). Доколку нема домашно производство многу извесно е дека ќе се случат рестрикции со цел заштеда на електрична енергија во државата, што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија .

Во моментот во земјата има 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираат, но, чекаат на приклучок на мрежа. За таа цел се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата. Истовремено, сите тие имаат дозвола за приклучок но поради административни пречки нивното приклучување не се реализира.

За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена. Се додека мазутот го држиме по регулирана цена, истиот тешко ќе се набави, а подоцна може да има и недостиг на пазарот.

2.Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата.

Уредбата што ја имаше донесено Владата во услови на кризна состојба предвидуваше, произведената електрична енергија од повластените производители да оди само кон индустријата а не и кон домаќинствата, со што се овозможуваше индустријата да обезбедува од 15% до 17% од потребите за енергија од домашни обновливи извори, чија цена беше помеѓу 90 и 110 евра. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6% до 7%, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.

- Advertisement -
Ad image

3.МЕА бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.

Постојат многу индустриски објекти и производни хали, кои се изградени согласно урбанистичките планови, на сопствено земјиште, меѓутоа за истите се`уште немаат обезбедена градежни дозволи и денеска се водат како нелегални (без градежна дозвола), а сепак ги исполнуваат сите услови. Ова пред се поради фактот што за да поставиш фотоволтаици на крововите од индустриските објекти, хали, потребно е истиот да има градежна дозвола што значи да биде легален објект, за да можат да ги создадат условите да постават фотоволтаици.

4.Владата на РСМ да воспостави деловна комуникација со сите Влади на соседните држави за истите да издадат гаранции кон нашата држава дека во текот на претстојниот зимски период нема да ги затворат границите за проток на електрична енергија. Односно дека ниту една држава нема да ја затвори границата и да ги сведе cross border (преку граничниот проток на електрична енергија) капацитетите на 0.

- Advertisement -
Ad image

5.Регулаторна комисија за енергетика да припреми правилник за организирање дистрибутивни мрежи. Зошто?

–  Затоа што со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители. За да може тоа да се реализира треба Регучаторната комисија за енергетика да направи Правилник за дистрибутивни системи.

–  Да се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. Тоа е работа на Регулаторна комисија за  енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ.

Share This Article