Македонската фудбалска репрезентација води против Англија со 1-0 по првото полувреме на натпреварот кој се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Гордиот Албион“ имаше повеќе од играта, ја имаше топката во своите нозе, упати повеќе удари, меѓутоа избраниците на Милевски ја дочекаа својата шанса и успеаја да постигна гол за наше водство.
Имено во првиот дел имаше една спорна ситуација при дуелот меѓу Елмас и Мегваер при кој судијата Глова не се реши да покаже на белата точка, ама неколку минути подоцна невнимателниот Луис го закачи Миовски во лицето по што со помош на ВАР беше покажан пенал при кој одговорноста ја презема капитенот Енис Барди.
Пикфорд го прочита нашиот фудбалер, но топката се врати кај Барди кој од втора ја затресе мрежата за задоволство на нашите фудбалери и навивачи.