More

    Македонија одбележува 75 години од формирањето на НАТО

    spot_img

    Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните.

    Како што соопштија од Министерството за одбрана(МО), настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

    На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

    „Граѓаните ќе имаат можност во директна комуникација со армиските припадници да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата. Активноста ќе биде проследена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа“, наведуваат од МО.

    Отворениот ден во Тетово е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во Алијансата. Досега граѓаните на Струмица, Кавадарци и Штип имаа можност да присуствуваат на овие настани, а следната недела отворени денови ќе се реализираат и во Охрид, Прилеп и во Скопје, стои во соопштението.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img