More

    Македонија може да се потпре на европските механизми за заштита со финансиска помош

    spot_img

    Живееме во свет на непредвидливи предизвици и природни катастрофи кои можат да ги променат животите на многумина за само неколку моменти. Стремежот на Македонија за влез во ЕУ, не е само бирократски, туку и стратешки потфат за зајакнување на отпорноста и справување токму со такви предизвици.

    Како што земјата се движи на евроинтеграцискиот пат, земјите-членки се тука да подадат рака за помош во време на криза, без разлика дали тоа ќе биде во форма на финансиска помош, ресурси или експертиза.

    Солидарноста, кој е еден од главните столбови на ЕУ не е само декларативна заложба, туку и реалност што се докажува преку бројни активности од кои директни придобивки има и Македонија.

    Македонија доби над 240 милиони евра за борба против Ковид

    Европската Унија активираше различни механизми за помош на Македонија за управувањето со кризата со коронавирусот како што се Механизмот за цивилна заштита, Системот на ЕУ за брзо предупредување за заразни болести што на земјава ѝ овозможи користење европски средства за одговор на пандемијата.

    Средства во висина од над 240 милиони евра поддршка беа обезбедени уште во првиот месец од пандемијата. Покрај финансии, Европската Унија донираше и материјални средства како вентилатори, парчиња на медицинска опрема и друг медицински материјал, сето тоа заедно со испораката на вакцини.

    Оваа сума вклучуваше и 64 милиони евра грантови и 160 милиони евра на поволни заеми за ублажување на социо-економските последици од пандемијата. Сето ова, додека Македонија сè уште е земја-кандидат. Но, на евроинтегративниот пат и со полноправното членство, работите дополнително ќе се променат.

    Механизмите на ЕУ ја засилуваат ефективноста при катастрофи

    Покрај за време на пандемијата, Европската Унија редовно ги активира механизмите за заштита и при природни катастрофи. Неодамна, за справување со пожарите што ја зафатија земјава во 2021 година, Европската Унија преку Фондот за итни случаи за помош при катастрофи на Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина обезбеди 140.000 евра во хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените подрачја, а во екот на пожарите испрати и дополнителни противпожарни капацитети за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта дојде од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ.

    Како членка на ЕУ, Македонија би добила уште поголем пристап до низа финансиски инструменти дизајнирани за справување со кризи. Преку разните механизми како фондот за солидарност се обезбедува мобилизација на ресурси за брзо и ефективно закрепнување на државата и на економијата по некоја криза или природна катастрофа.

    Но, придобивките од членството во ЕУ не лежат само во материјалните ресурси што ги обезбедува Унијата, туку и во нематеријалната сила што произлегува од механизмите за координирана реакција. Македонија, би станала дел од колектив каде споделените информации и заедничкото планирање ја засилуваат ефективноста на одговорот при катастрофи.

    ЕУ нуди финансиска и материјална помош за справување со катастрофи!

    Најдобар пример од соседството е Хрватска, каде по земјотресите, пред неколку години, државата доби огромна финансиска и материјална помош, а благодарение на европските механизми, тимови од земјите-членки беа веднаш испратени на терен. За време на неодамнешните поплави во Словенија пак, покрај помош материјалната помош, Европската комисија ѝ одобри 100 милиони евра за справување со последиците од поплавите.

    ЕУ помага во справување со економските последици!

    Но, не е сѐ во помошта за справување со природни катастрофи, за време на глобалната финансиска криза земјите како Грција, Португалија и Ирска, кои се соочија со сериозни економски предизвици, добија пакети финансиска помош за стабилизирање на економиите и спроведување на клучните реформи. Грција, на пример, доби голем број такви пакети, во вредност од стотици милијарди евра, сето тоа со цел да се спречи економскиот колапс и да се поттикне закрепнувањето на економијата.

    ЕУ помага во безбедноста и соработката против тероризмот!

    По терористичките напади во Брисел и во Париз пак, ЕУ спроведе мерки за зајакнување на безбедноста и соработката против тероризмот меѓу земјите-членки. Во рамки на Унијата воспоставените се и неколку иницијативи како што е Европскиот центар за борба против тероризмот, за да се олесни споделувањето на информации меѓу земјите, но и соодветно да се одговори на безбедносните закани.

    Овие конкретни примери само го нагласуваат фактот дека членството во ЕУ им овозможува на земјите заеднички да се справат со кризите и природните катастрофи. Македонија со членството би имала посигурна иднина каде единството, соработката и колективната сила се столбови наспроти сите предизвици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img