Македонија и годинава останува делумно слободна земја според извештајот на Фридом Хаус. За разлика од ланските 67, сега имаме 68 бодови за слобода – од можни 100.
Најслободни земји во светот се Шведска(со 100 бодови), Норвешка и Финска, додека балканските земји имаат слични поени со нас. Словенија годинава е пофалена со висока оценка од 95, а најнеслободна во регионот според Фридом Хаус е Босна и Херцеговина со 52 поени. Бугарија и Грција се означени со зелено како слободни земји со 79 и 86 поени.
Во ланскиот извештај, освен што добивме 28 од 40 поени за политички права на граѓаните и 39 од 60 поени за граѓанските слободи, Фридом Хаус оцени дека Македонија е во транзициски и хибриден режим, односно во т.н. сива зона.
Други земји кои лани Фридом Хаус ги сврсти во хибридни режими се Црна Гора, Србија и Унгарија, како Молдавија, Косово и Ерменија.
Оценката за слободата била слична и во 2021 година, со 66 поени од 100, односно 63 од 100 во 2020-та.
фото: freedomhouse.org