More

    Македонецот погодува 7 пати во последните 8 натпревари

    spot_img

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го запиша својот 20 гол сезонава во сите клупски натпреварувања, погодувајќи во поразот на Абердин од 2:1 на гостувањето во Глазгов кај колидерот Ренџерс во 25. коло од шкотскиот фудбалски Премиершип.

    Во дебито на новиот тренер на „црвените“ Нил Ворнок, репрезентативецот на Македонија на истекот од првото полувреме на „Ајброкс“ израмни на 1:1 со својот 13. погодок во елитната конкуренција во Шкотска, со кој се зацврсти на второто место на листата на стрелците.

    Пред него е само Шкотланѓанецот Лоренс Шанкланд од Хартс со 16.

    Пред пет дена 24-годишниот македонски напаѓач погоди и против другиот гигант од Глазгов и исто така лидер Селтик, во ремито 1:1 во Абердин, а противничката мрежа ја затресе седум пати во последните осум натпревари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img